Европски првенства
Словенија ја запиша првата победа во втората фаза
Словенија со максимални три победи пренесе два бода во втората фаза на Европското првенство, но овој дел од шампионатот не почна најдобро за избраниците на Зорман.
Словенците забележаа два порази од Шведска и Португалија, но денеска успеаја да реагираат и да ја запишат првата победа, со која им остануваат теоретски шанси за пласман во последната фаза на шампионатот.
Балканската селекција најголем дел од задачата реши во првото полувреме, во кое целосно ја надигра Холандија и само потврди дека „лалињата“ се најслаба репрезентација во оваа група 2.
Словенците ги добија првите 30 минути со 19:13 и си ги најавија првите два бода во втората фаза, па иако не одиграа на исто ниво во продолжение, сепак лесно го одржуваа водството.
Фаворитот на крајот победи со 37:34, натпревар на кој по четири гола постигнаа Цехте, Хорзен и Маргуч.
-
Лига на шампионипред 20 часа
Ендрик го собори рекордот на Раул, па доби признание од Анчелоти: Покажа дека има…
-
Лига на шампионипред 22 часа
Куртоа за последната акција на Реал: Покажа карактер што не им подаде на Винисиус и Мбапе! (Видео)
-
Италијапред 17 часа
Главниот фаворит за наследник на Де Роси веќе пристигнал во Рим
-
Македонијапред 13 часа
Работнички шокиран од третолигаш во Купот на Македонија
-
Италијапред 22 часа
Ибрахимовиќ за статусот во Милан: Кога ја нема мачката, глувците оро играат…
-
Италијапред 21 час
Утрински шок од Италија: Де Роси заработи отказ од Рома
-
Францијапред 20 часа
Рабио доби комплименти од француска легенда: Стана мој идол со потезите кои ги направи
-
Лига на шампионипред 21 час
Ристовски по дебаклот на Динамо во Минхен: Кога ќе примиш девет парчиња…