Поврзете се со нас

Светски првенства

Словенечката пенал-техника донесе резултат: Влах со лажен потег го легна на подот голманот Ал Салем (Видео)

Објавено

на

Словенија без никакви проблеми ја совлада Саудиска Арабија на својот прв натпревар на Светското првенство, што е јасна најава за пласман во слендата фаза на ракометниот мундијал.

Словенечката селекција покажа дека е далеку поквалитетна од азискиот тим и славеше со 33:19, а во победата еден од најистакнатите беше Алекс Влах.

Токму еден негов потег се најде во фокусот и на интернационалната ракометна Федерација, бидејќи неговата пенал техника донесе навистина необична сцена.

Лажното движење со раката е стандардна техника која се употребува при изведувањето седмерци, а Влах ја изведе до толку перфектно, што голманот на Саудиска Арабија се најде на подот.

Ал Салем се лизна и веднаш му стана јасно дека Влах ќе има најлесна задача да ја затресе неговата мрежа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни