Поврзете се со нас

Олимписки игри

Скариоло: Да бидеме реални, златниот медал веќе e резервиран за Американците

Објавено

на

Репрезентацијата на Шпанија претрпе пораз од Соединетите Американски Држави од 83-76 на пријателската средба која се одигра во Лас Вегас.

Американците ја победија Шпанија на последниот тест пред ОИ (ВИДЕО)

Ова беше дуел кој беше последен за двете селекции пред настапот на Летните Олимписки Игри во Токио. Американците во подготовките имаа променливи партии, резултати, воопшто не блескаа и забележаа две победи на четирите пријателски средби, па многумина почнаа да ги критикуваат и да прашуваат дали овој состав е навистина огромен фаворит за златото во Токио.

На ова најдобар одговор селекторот на „црвената фурија“, Серџо Скариоло кој директно и конкретно порача:

– Видите, мислам дека на нив веќе им е запишан златниот медал. Ако Американците играат во согласност со нивниот потенцијал, па дури и малку полошо од тоа, тогаш нема никој во светот што може да ги победи во вистинска игра кога играат за нешто опипливо како медал.

-Да бидеме реални, да не ги лажеме луѓето и да не продаваме нешто што го немаме, -истакна Скариоло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни