Поврзете се со нас

Балкан

Скандал во БиХ: Фудбалерите на Сараево го напуштија теренот поради спорни судиски одлуки (Видео)

Објавено

на

Натпреварот од фудбалскиот Куп на Босна и Херцеговина меѓу екипите на Сараево и Борац Бања Лука беше прекинат во судиското надополнување и тоа поради фактот што домаќините решија да го напуштат теренот.

Гостите воделе со 1:2 во финишот на четвртфиналниот дуел, а домашниот тим најпрвин беше незадоволен од многу одлуки на судијата Матео Муса, меѓу кои судиското надополнување од само пет минути, за кулминацијата да се случи по еден прекршок досуден во корист на гостите.

На овој потег на судијата се налутија домашните играчи, а на теренот влетаа спортскиот директор Сенијад Ибричиќ и тренерот Симон Рожман, па по кавгите и туркањата со судијата, тие му наредија на тимот да замине во соблекувалната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни