Поврзете се со нас

Италија

„Скај Спорт Италија“: Ибрахимовиќ нема да остане во Милан

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ ќе ја одработи сезоната во дресот на Милан, а потоа ќе се врати во Шведска, тврдат новинарите на „Скај Спорт Италија“.

Претпоставките се дека следен клуб на 39-годишниот напаѓач ќе биде шведски Хамарби, во кој неодамна купи дел од акциите, истовремено налутувајќи ги фановите на неговиот матичен клуб Малме.

Ибрахимовиќ постигна 4 голови на 11 натпревари откако пристигна во Милан, а актуелниот договор му истекува на 31 август и неговиот агент досега не покажал интерес за продолжување.

Изминатиов период Златан имаше повреда која ја залечи, па вчера се врати во тимот, влегувајќи како замена во 65. минута, но Милан освои само бод на гостувањето кај СПАЛ.

Досега Ибрахимовиќ не најавил ниту пензионирање и изјавуваше дека ќе игра фудбал се додека ужива на теренот и повредите не го спречат да настапува.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни