Поврзете се со нас

АТП

Синер продолжи да реди победи и ќе игра за титулата во Торино (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/DExpress_Sport

Италијанскиот тенисер, Јаник Синер е првиот патник во финалето на АТП завршниот турнир што се игра во Торино.

Во денешното полуфинале Синер успеа да го надигра Данил Медведев со 2-1 во сетови и за првпат во кариерата да обезбеди место во завршниот меч на оваа сцена.

Скоро два ипол часа Јаник и Данил се намудруваа во Торино, Италијанецот беше подобар во првиот сет со 6-3, а во вториот Русинот беше за нијанса поквалитетен и со 7-4 во тај-брекот се извори за нова, завршна рунда.

Тука имавме најмалку возбудувања затоа што Синер беше доминантен, двапати му го одзема сервисот на противникот и со 6-1 ја заокружи пресметката, па сега мирно ќе може да го проследи второто полуфинале во кое Новак Ѓоковиќ ќе се соочи со Карлос Алкарас.

Ова за четвртиот светски рекет беше трет триумф во низа над Медведев од кого интересно претходно шестпати губеше. Тој воедно е прв играч по Рожер Федерер од 2003 година кој до финалето доаѓа без пораз пред да го прослави 23 роденден.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни