Поврзете се со нас

ВТА

Швјонтек ја разби Сакари во борбата за титулата на Индијан Велс

Објавено

на

foto:twitter.com/iga_swiatek

Најдобрата тенисерка на светот, Ига Швјонтек успеа да триумфира на турнирот во Индијан Велс.

Ова за Швјонтек е втор пехар на Индијан Велс, а до истиот стигна без загубен сет. Во финалето Ига беше подобра од Марија Сакари со 2-0 со 6-4 и 6-0 за нешто повеќе од еден час.

Интересно е тоа што и првата титула за полската тенисерка во калифорниската пустина исто беше обезбедена против Сакари во 2022 година и тоа со резултат 6-4, 6-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни