Европски првенства
Швеѓаните славеа во „малото финале“ и обезбедија олимписка виза за Париз
Селекцијата на Шведска е освојувач на бронзата на 16. Европско ракометно првенство што се игра во Германија.
Швеѓаните кои до вечерва се уште се актуелни европски прваци успеаа да слават над домаќинот со 34:31 на средбата во Келн. Скандинавците севкупно гледано беа многу подобри на соочувањето во „Ланксес Арената“ иако во вториот дел Германците им се заканија дека можат да направат нешто повеќе во оваа пресметка.
Избраниците на Солберг беа фуриозни во првите 30 минути кои ги реализираа со плус 6 (18:12), па токму таа позитива им овозможи да бидат помирни во продолжението иако Германците притискаа, се бореа до самиот крај, но Паличка и компанија се доволно искусни, квалитетни и ја завршија, заокружија започнатата работа.
Со ова Шведска обезбеди директен пласман на ОИ во Париз. Паличка имаше 19 одбрани, додека Клар со 8 гола беше прв стрелец. На другата страна добар беше Ушчинс со 8 реализации.
-
НБА15 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет12 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Шпанија11 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Франција11 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА10 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Лига на шампиони14 часа
Белингам со спомени од минатогодишното четвртфинале со Сити: Бев умрен од страв, но…..
-
Балкан14 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Англија24 часа
Ловрен за ситуацијата на Салах во Ливерпул: Знам многу работи…