Поврзете се со нас

АТП

Шпанецот се запозна со бруталното издание на Ноле: Ѓоковиќ му одржа лекција на Алкарас за финале во Торино

Објавено

на

Foto:twitter.com/atptour

Карлос Алкарас влезе во петтата пресметка со Новак Ѓоковиќ со израмнет биланс од 2:2, па ако на сите претходни дуели гледавме изедначен и максимално возбудлив тенис, овојпат младиот Шпанец се запозна со најбруталното издание на светскиот рекет број еден.

Српскиот тенисер беше истраен во воведот од мечот кога Алкарас беше подобар и поагресивен тенисер, па откако ги одбрани првите две брејк топки, успеа да се стабилизира и да го пронајде својот ритам на теренот.

Ноле е специјалист за играње во сала и тоа го покажал безброј пати во кариерата, а Алкарас допрва ќе треба да учи да игра во вакви услови, што може лесно да се заклучи и од конечниот резултат.

Шпанецот бележи пад во формата во оваа завршница од сезоната, па денеска доби тениска лекција од големиот ривал и не ги оправда очекувањата кои ги имаа сите тениски фанови.

Ноле лесно славеше со 2:0 и го надигра Алкарас со 6:3 и 6:2, победа со која си закажа дуел против Јаник Синер во големото финале во Торино. Србинот загуби од домашниот тенисер во групната фаза, па утре ќе има шанса за реванш во големото финале во кое ќе се бори за рекордна седма титула на завршниот Мастерс турнир.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни