Поврзете се со нас

Европски купови

Шортс блескаше, Париз жестоко му врати на Бешикташ за единствениот пораз во Еврокупот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/ParisBasketball

Тимот на Париз за кого настапува македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс му одржа вистинска лекција на Бешикташ во Евврокупот.

Францускиот тим единствениот пораз во ова натпреварување го претрпе токму од Бешиташ на домашен терен, но Шортс и компанија жестоко возвратија и наплатија со камата за истиот со оглед на тоа што славеа во Истанбул со 95:72.

Гостите ги добија сите четири четвртини, а најрасположен за игра беше токму Ти-Џеј кој блесна со 23 поени, 5 скока, 6 асистенции, украде и 1 топка, поточно имаше 34 индексни поени.

Метјуз за домаќините реализираше 22 поени.

Париз сега има 16-1, во последното коло од оваа фаза ја пречекува Цедевита Олимпија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни