Балкан
Шокантно признание: Турски фудбалер му го одземал животот на сопствениот син
Турската јавност е шокирана од признанието на фудбалерот Чехвер Токташ, кој го убил сопствениот петгодишен син.
Токташ самиот се пријавил во полиција единаесет дена по убиството, откако претходно успеал да ги залаже лекарите со причините за смртта.
Членот на Бурса Јилдирим бил хоспитализиран со својот син откако петгодишниот Касим се заразил со коронавирусот, а убиството го реализирал во болница, задушувајќи го синот со перница.
Потоа ги повикал лекарите бидејќи наводно жртвата имала проблеми со дишењето, а откако била прогласена неговата смрт, лекарите ја припишале на компликации од коронавирусот.
Дури единаесет дена подоцна, Токташ отишол во полициска станица и го признал делото. Во објаснувањето зошто го направил грозоморниот чин појаснил дека никогаш не го сакал својот второроден син и дека убиството било резултат на нервен слом кој го доживеал во моментот.
Турскиот фудбалер може да добие доживотен затвор, а во својата кариера има настапувано и во најсилната турска лига.
-
Италијапред 18 часа
Вучиниќ го „закачи“ Алегри: Кога си во Јувентус…
-
Италијапред 23 часа
Касано го нападна Леао и го спореди со пропадната ѕвезда на Јунајтед: Нзола постигна повеќе голови од него
-
Англијапред 6 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Италијапред 5 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 18 часа
Покетино: Ова ни е единствената шанса за трофеј во оваа сезона
-
Шпанијапред 18 часа
Анчелоти за стратегот кој се најавува како негов наследник во Реал: Му посакувам…
-
Шпанијапред 24 часа
Анчелоти претпазлив со возбудливото летно засилување: Има талент, но треба да се вклопи во тимот
-
Шпанијапред 5 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка