Поврзете се со нас

Свет

Шокантни сцени: Чилеански репрезентативец доживеа мозочен удар за време на мечот против Бока (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/EdelpOficial

Натпреварот меѓу Естудијантес и Бока Јуниорс не го дочека својот крај и засега не е познато кога ќе продолжи, а тоа сепак е најмалку важна вест од средбата во Аргентина.

Главниот судија мораше да го прекине мечот по само 27. минути и беше јасно дека веќе никој нема да сака да игра фудбал, бидејќи фудбалер на домашниот тим остана без свест и целосно се згрчи на теренот.

Чилеанскиот репрезентативец Хавиер Алтамирано се струполи на земјата без контакт од противнички играч и првично беше пренесено дека доживеал епилептичен напад, но всушност лекарските прегледи утврдиле дека се работи за доста посериозна состојба.

Имено, играчот за врска на Естудијантес претрпел мозочен удар и најдобра вест е што е надвор од животна опасност, а причина за тоа е и брзата лекарска реакција на медицинските лица кои биле крај теренот.

Аргентинскиот клуб излезе со соопштение и објави дека фудбалерот сега е во стабилна состојба, но испитувањата покажале дека доживеал тробоза на церебралниот венски синус.

– По направените испитувања, утврдено е дека причина за нападот е претрпената тромбоза на венскиот надолжен синус (мозокот). Тој сега е стабилен, прима соодветна терапија и чека дополнителни испитувања. Играчот ќе остане хоспитализиран и под постојана контрола од лекарите, – гласи објавата на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни