Поврзете се со нас

Олимписки игри

Шок за „кариоките“: Аргентина го остави Бразил без Олимписки игри (Видео)

Објавено

на

Foto:Joilson Marconne/CBF_Futebol

Бразил е фудбалска велесила и селекција која има најмногу титули на мундијалите, но „кариоките“ во последните две децении не се на висина на задачата и доста често режираат разочарувања за своите фанови.

Последното доаѓа од квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Париз, натпреварување на кое и дефинитивно нема да го гледаме последниот освојувач на фудбалскиот турнир во Токио.

Бразил беше најдобар на последната Олимпијада и се закити со златен медал, но сега нема да го брани истиот откако во директен дуел за второто место, загуби од Аргентина.

Ендрик како нова ѕвезда на Реал Мадрид беше лидер на оваа репрезентација на Бразил, па сигурно ќе преземе и дел од одговорноста за овој неуспех на „кариоките“.

„Гаучосите“ славеа со 1:0 благодарение на голот на Гонду, па така селекцијата водена од Хавиер Маскерано обезбеди олимписка виза и го шокираше вечниот ривал.

Покрај Аргентина, јужноамерикански претставник на Олимписките игри во Париз ќе биде и селекцијата на Парагвај која заврши како прва во групата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни