Поврзете се со нас

Италија

Шок во Торино: Ањели и сите директори на Јувентус поднесоа оставки

Објавено

на

Раководството на Јувентус предводено од Андреа Ањели вечерва поднело оставки, предизвикувајќи неочекувана ситуација во редовите на италијанскиот клуб.

Оставка поднел Ањели, неговиот прв асистент Павел Недвед, генералниот менаџер Маурицио Аривабене и сите членовите на Бордот на директори.

Претпоставките се дека оставките се резултат на последната истрага за манипулација со заработките од трансфер сумите на одредени фудбалери изминатите години, за која обвинителството може да бара и одредени казни.

Потегот доаѓа во пресрет на акционерското собрание на кое треба да бидат донесени важни одлуки, а значи дека Ањели ја напушта претседателската функција по 12 години.

Андреа Ањели го водеше клубот во една од поуспешните ери, во која Јувентус освои девет титули по ред во Серија А и два пати стигна до финалето на Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни