Поврзете се со нас

Европски првенства

Шчесни му одбрани пенал на Џејмс, Полска е последниот патник на ЕП во Германија (ВИДЕО)

Објавено

на

Фото: www.facebook.com/LaczyNasPilka

Војчех Шчесни одбрани пенал во петтата серија и обезбеди учество на Европското првенство за репрезентацијата на Полска.

Полска имаше незгодно гостување кај Велс во Кардиф, а откако двете селекции не постигнаа гол во повеќе од 120 минути игра на бараж средбата, пеналите го решаваа последниот патник на европскиот шампионат.

Репрезентативците на двете земји не направија грешка до десеттиот пенал, а го изведуваше Дениел Џејмс, чиј удар беше одбранет од Шчесни, со што започна славјето на Полјаците пред големиот број велшки фанови во Кардиф.

Полска ќе има тешка група на ЕП, бидејќи таму ќе се соочи со Франција, Холандија и Австрија.

Претходно, преку баражите пласман на ЕП обезбедија и Украина и Грузија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни