Поврзете се со нас

Македонија

Шампионот комплетираше нов тандем на голот: Хрватски репрезентативец потпиша за Еурофарм Пелистер

Објавено

на

foto:twitter.com/TeamChambe

Бранителот на трофејот во најсилниот домашен ракометен шампионат, Еурофарм Пелистер обезбеди уште едно засилување за наредната сезона и тоа одново засилување на голманската позиција.

Во текот на вчерашниот ден беше официјализирана соработката со Никола Митревски, а пак денеска клубот од Битола ја информираше јавноста дека нивен нов член ќе биде Филип Ивиќ.

Се работи за искусен голман кој има 31 година и е хрватски репрезентативец кој во новата средина ќе дојде од Франција од редовите на Шамбери. Договорот му завршува и тој се реши да ги одбере „зелено-белите“ со кои се обврза на соработка во наредните две години.

Филип ја започна кариерата во Загреб по што следеа епизодите во Кјелце, Гумерзбах, Целје и Шамбери каде настапува од 2022 година.

Со ова Пелистер комплетираше нов тандем на голот затоа што од клубот си заминуваат Урбан Лесјак и Калифа Гедбан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни