Поврзете се со нас

Македонија

Се врати во Битола: Репрезентативецот Митревски ќе го чува голот на Еурофарм Пелистер

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Никола Митревски ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер од натпреварувачката 2024/2025.

Тоа што веќе некое време се најавуваше сега официјално беше потврдено и од клубот кој ја информораше јавноста дека е постигнат договор со искусниот голман за наредните две сезони.

Ова за Никола е враќање во својата родна Битола и во клубот за кој настапуваше во минатото. Во кариерата тој играше за Металург и Вардар на домашната сцена, а надвор од нашите граници беше во Романија и Португалија од каде и прави кам-бек во Македонија во актуелниот шампион.

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни