Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Сезона со која го испиша своето име во историјата: Напаѓачот на Сити имаше година која никогаш нема да ја заборави

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCityJP

Манчестер Сити е новиот европски шампион и тоа откако во финалето во Истанбул успеа да оствари триумф над калчолигашот Интер со 1-0.

Англискиот претставник не блескаше на овој дуел, имаше максимално рамноправен противник кој во повеќе наврати го загрози голот на Едерсон, ама јасно е дека во ваквите финални пресметки одлучуваат детали, понекогаш и среќа, поточно слави оној ќе даде гол во вистинско време, оној кој знае да ја искористи шансата/шансите кои ги има.

Со ова Сити ја комплетираше перфектната сезона, а со тоа воедно паднаа и некои индивидуални рекорди како оној на Пеп Гвардиола кој стана прв тренер со повеќе освоени тројни круни (Барса и Сити), но во историјата влезе и Хулијан Алварез.

Досега немало ниту еден играч кој во иста сезона ги освоил најважните натпреварувања на клупско ниво, но и притоа триумфирал на Светско првенство. Тоа му успеа на Аргентинецот кој дефинитивно вечно ќе ја памети натпреварувачката 2022/2023.

Воедно Хулијан стана најмладиот играч со трофеј во ЛШ, ПЛ и СП, го надмина Жерард Пике и тоа за 29 дена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни