Поврзете се со нас

АТП

Сензационалниот Мари спаси пет меч топки и се пласираше во финалето (Видео)

Објавено

на

Енди Мари спасуваше три меч топки во мечот од првото коло против Лоренцо Сонего, потоа одигра маратонски меч со Зверев кој траеше повеќе од три часа, вчера успеа да се справи со Милер, а денеска приреди нова сензација во Доха со начинот на кој победи во полуфиналето.

Искусниот Британец ќе се бори за трофејот на овој турнир во финален натпревар против Данил Медведев, но сите зборуваа за истрајноста која ја покажа денеска во критични моменти.

Мари најпрво спаси две меч топки на Лехечка на свој сервис, но далеку поимпресивно беше тоа што го направи во следниот гејм, при сервис на противникот.

Чехот имаше три врзани меч топки, но Мари некако успеа да се извлече, го доби тој гејм, а потоа го отвори патот кон неверојатен пресврт.

Мари славеше во тајбрејкот и се пласираше во големото финале, успех кој го прослави со силен славенички крик кој го слушнаа сите на трибините и крај ТВ екраните.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни