Лига на шампиони
Сензација во Полска, Лазаров и Нант го елиминираа тимот на Кјелце

Вистинска сензација приредија ракометарите на Нант кои го елиминираа тимот на Кjелце среде Полска славејќи со 34:31.
Оваа победа беше и повеќе од доволна за Лазаров и неговите соиграчи да обезбедат пласман во четвртфиналето каде ќе се сретнат со тимот на Веспрем кој утре само формално ќе го одигра натпреварот против нашиот Вардар.
Францускиот тим одлично го започна натпреварот и веднаш ја анулираше негативата од првата средба која ја загуби со 25:24 и на пауза замина со предност од 15:13.
На стартот на вториот дел Кjелце се разигра и успеа да ја врати предноста во своја корист, а кога многумина очекуваа дека Нант ќе падне на психолошки план, на сцена стапи Кире Лазаров кој со два гола во низа донесе предност за францускиот клуб.
Пред самиот финиш, Игор Карачиќ пропушти клучна шанса по која стана јасно дека Нант ќе биде патникот во четвртфиналето
Валеро Ривера беше најефикасен кај Нант со девет погодоци, а огромна заслуга за пласманот во следната фаза има и голманот Нилсен кој собра 18 интервенции. Кире Лазаров одигра уште еден одличен натпревар постигнувајќи четири погодоци, но и запишувајќи неколку извонредни асистенции кои дојдоа во клучните моменти кога се кршеше натпреварот.
Кај тимот на Кjелце најефикасен беше Кулеш кој реализираше шест гола, еден повеќе од Каралек кој застана на пет.

- Англијапред 21 час
Оле верува дека постот по заминувањето на Сер Алекс наскоро ќе заврши: Има напредок, блиску сме до трофеј
- Италијапред 18 часа
Убав гест на Манџукиќ: Не играше за Милан, па ја одби платата и од клубот побара едно нешто
- Англијапред 23 часа
Екс ѕвезда на Манчестер Сити се уште е во лоши односи со Гвардиола: Му пишав порака, но не ми врати
- Шпанијапред 24 часа
Клајверт заминува од Барселона
- Англијапред 23 часа
Тухел со ветувачки најави за следната сезона: В година ќе е „друга песна“, дефинитивно ќе ги гониме
- Формула 1пред 20 часа
Фетел објасни зошто одбил да се вакцинира во Бахреин
- Англијапред 19 часа
Солскјер одговори на коментарите на Погба за Мурињо
- Англијапред 21 час
Брус нема дилеми кој треба да ја освои наградата за најдобар тренер во Премиер лигата