Поврзете се со нас

Репрезентација

Сејдини: Пред 50 дена ја преземавме обврска врз националната арена, ова е резултатот! (Видео)

Објавено

на

Квалификацискиот циклус за Европското првенство ќе биде затворен со дуел против моќната Англија, но и во услови какви што доликуваат да се гледат на националната арена „Тодор Проески“.

Македонските фудбалери мораа да им се извинуваат на Италијанците за катастрофалната состојба на теренот во месец август, меѓутоа ФФМ вети дека ќе направи големи промени откако ја презема контролата врз националната арена во целост.

Изминатите два месеци напорно и интензивно се работеше на промена на тревникот на најубавото фудбалско здание во нашата земја, а конечниот резултат е навистина добар.

Македонија и Англија утре ќе играат на „зелен тепих“ и се е подготвено за голем спектакл, пред кој со специјално видео се јави и првиот човек на македонскиот фудбал, Муамед Сејдини.

– Пред 50 дена ФФМ ја презема обврската целосно да го уреди и да направи сосема нов терен на Арената “Тодор Проески”. Ова е резултатот!

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни