Поврзете се со нас

Светски првенства

Се јавија и од Фудбалскиот сојуз на Русија: Не сакаат да играат со нас затоа што ни се плашат

Објавено

на

Во текот на вчерашниот ден Полска и Шведска и официјално ставија до знаење дека не планираат да излезат на терен против репрезентацијата на Русија во рамките на бараж средбите за пласман на Светското првенство во Катар.

Причината за тоа е воениот акт на Руската федерација која веќе неколку дена ја напаѓа Украина.

Русија во првиот полуфинален бараж двобој требаше да се соочи со Полска, од каде инсистираат оваа средба да не се одигра.

Потпретседателот на Фудбалскиот сојуз на Русија, Сергеј Анохин беше прв од Русите кои излезе со свој коментар по ваквите одлуки на Полска и Шведска.

– Мислам дека Полјаците еднставно ни се плашат и се плашат да играат со нас. Ова не е спортски принцип, фудбалот треба да биде надвор од политиката. Сите се плашат од Русија, па дури и полските фудбалери, -изјави Анохин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни