Поврзете се со нас

Англија

Сатон го прогнозираше премиерлигашкото коло, веќе ја погоди „двојката“ на Арсенал

Објавено

на

Поранешниот напаѓач Крис Сатон ќе биде прогнозер на премиерлигашките натпревари за „Би-Би-Си“, а првите типови ги објави во пресрет на дуелот меѓу Кристал Палас и Арсенал.

Сатон погоди дека Арсенал ќе стигне до победа, иако поради обврската да типува со точен резултат, за малку не беше целосно перфектен (типувал резултат 1:2).

Но, погодената „двојка“ е добра најава за фановите кои сакаат да ги следат неговите прогнози, а за првото коло Сатон очекува изненадување само на „Олд Трафорд“.

Манчестер Јунајтед ќе биде голем фаворит против Брајтон, но според Сатон, новиот менаџер Ерик тен Хаг ќе дебитира со реми (точен резултат 1:1).

Прогноза на Сатон за 1. коло на ПЛ:
К. Палас-Арсенал 1:2
Фулам-Ливерпул 0:3
Бурнмут-Астон Вила 0:1
Лидс-Волвс 0:0
Њукасл-Нотингем Ф. 1:0
Тотенхем-Саутемптон 2:1
Евертон-Челси 0:2
Лестер-Брентфорд 1:1
Манчестер Ј.-Брајтон 1:1
Вест Хем-Манчестер С. 0:3

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни