Поврзете се со нас

Лига Европа

Сари: Лацио има посебен мотив за дуелот со Галатасарај

Објавено

на

Лацио утре го пречекува Галатасарај во дуелот на двете најдобри екипи во Е групата на Лига Европа, во ситуација кога домаќините заостануваат три бода зад турскиот ривал.

Тренерот Маурицио Сари денеска најавил дека римскиот клуб ќе оди на победа не само поради престиж, туку и за подолга пауза во европското натпреварување.

– Утрешниот натпревар е многу важен, играме за пласман во осминафиналето на Лига Европа.

– Најважно е да продолжиш понатаму, но кога веќе можеме, треба да се бориме за директно место во осминафиналето, бидејќи тоа ќе значи две недели исполнети со тренинзи и без натпревари.

– Се надевам на подобар Лацио од првиот натпревар, ќе ни биде потребно такво нешто, посебно што Галатасарај нема примено гол на гостувањата сезонава, – изјавил Сари.

Повредата на Чиро Имобиле не е сериозна, па тренерот на Лацио најавил дека напаѓачот и натаму има шанси да се најде во составот за утрешната средба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни