Поврзете се со нас

Италија

Сари: Кога Роналдо ќе намириса крв…

Објавено

на

Екипата на Јувентус славеше над Лацио со 2-1 во дербито на колото во Серија А и со тоа дополнително си ги подотвори вратите кон пехарот за оваа натпреварувачка кампања.

Човек на одлука беше Кристијано Роналдо кој беше автор на двата голови, а воедно постави два нови рекорди. Тој стана прв играч со 50 или повеќе дадени голови во Италија, Шпанија и Англија, но и фудбалер кој стигнал најблиску до бројката од 50 погодици во Калчото.

-Кога Кристијано ќе намириса крв…Тој е извонреден, закрепкнува толку брзо меѓу натпреварите. Не само физички, туку и психолошки. Тој би можел да биде некој што троши толку многу енергија на секој натпревар, ама закрепнува секој пат и тој е светска класа во умот како и во нозете, -истакна тренерот на „бјанконерите“, Маурицио Сари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни