Поврзете се со нас

Италија

Саки: Сари свесно прифати „невозможна мисија“ во Јувентус

Објавено

на

Легендарниот италијански тренер, Ариго Саки, го коментирал отказот кој Маурицио Сари го доби од Јувентус, а според него главна причина за разделбата е различните вредности кои ги почитуваат двете страни.

Поранешниот предводник на Милан смета дека можноста Сари да успее во Јувентус била „невозможна мисија“.

– Сари свесно прифати „невозможна мисија“ во Јувентус.

– Нему му беше потребно трпение и соработка од клубот, но раководството на Јувентус отсекогаш ценело поинакви вредности. Мотото на клубот: победувањето е единствената важна работа.

– На тој начин тие игнорираат елементи како емоции, убав фудбал, забава и еволуција, а Сари наследи заситен и изморен тим кој зад себе имаше осум титули по ред, – вели Саки.

– Во Европа клубовите победуваат со колективна игра и офанзивен стил, додека во Италија се претпочитаат индивиуални квалитети и дефанзивен фудбал. Андреа Ањели сакаше да направи промена со ангажманот на Сари, но немаше трпение да ја дочека, – дополнил Саки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни