Поврзете се со нас

Франција

Ротен не е задоволен од Дембеле: Неговите настапи се конфузни

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Усман Дембеле ги изиритира фановите на ПСЖ со дел од потезите и промашувањата на дуелите со Ница и Борусија Дортмунд, па неговите настапи веќе предизвикаа дебата и во француската јавност.

Дембеле досега нема постигнато гол, ниту реализирано асистенција, а вчера имал и катастрофална статистика во однос на загубените топки.

Поранешниот играч на ПСЖ, Жером Ротен, не можел да ги избегне критиките на адреса на Дембеле, опишувајќи ги неговите настапи како недоволно добри. Дембеле загубил 31 топка од 94 контакти кои ги имал против Борусија Дортмунд.

– Од Дембеле секогаш очекувам повеќе. Прави добри работи, но на моменти е конфузен, како толку да сака да направи нешто добро, што на крајот претерува со реакцијата.

– Во моментов не можеме да кажеме дека неговите настапи се добри, бидејќи мора да биде поконкретен, поефективен и посмирен на теренот, – рекол Ротен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни