Поврзете се со нас

НБА

Рондо се збогуваше со Лејкерс и потпиша за седмиот НБА клуб во кариерата

Објавено

на

Рејџон Рондо официјално се збогуваше со актуелниот НБА шампион Лос Анџелес Лејкерс и веќе го избра тимот во кој ќе настапува следната сезона.

Рондо реши да се пресели во редовите на Атланта Хоукс, екипата која сака да ја подобри играта во одбрана и очекува сериозна помош од искусниот играч кој ја освои титулата со Лејкерс.

Атланта ќе му плати 15 милиони американски долари за двегодишен договор на кошаркарот кој во февруари ќе наполни 35 години.

Рондо остави одличен впечаток со настапите во НБА плејофот, кој го заврши со просек од 8,9 поени, 6,6 асистенции и 4,3 скокови, а постигна и 19 поени во шестиот и последен меч од финалната серија меѓу Лејкерс и Мајами.

Негов прв тим во НБА беше Бостон, а потоа настапуваше и за Далас, Сакраменто, Чикаго, Њу Орлеанс и последните две сезони за Лејкерс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни