Поврзете се со нас

Италија

Ромањоли: Заслуживме повеќе од бод, Милан може да се пласира во нокаут фазата

Објавено

на

Составот на Милан дојде до првиот бод во групната фаза на Лигата на шампионите и тоа во пресметката со Порто која на „Сан Сиро“ заврши со резултат 1-1.

„Росонерите“ одиграа лошо прво полувреме за да во вториот дел се подобрат и на тој начин се изборат за резултат кој ги остава во игра за следната фаза иако тоа воопшто нема да биде лесно затоа што до крајот има уште две рунди, а Порто и Атлетико Мадрид имаат по 5, односно 4 бода.

Сепак капитенот Алесио Ромањоли е оптимист и верува дека можат да дојдат до елиминациските борби во елитното друштво.

-Првото полувреме не беше добро и тоа сите го видоа. Повеќе бевме свои по паузата. Ова е разочарувачки, бидејќи го дадовме најдоброто од себе. Создадовме многу шанси во второто полувреме и знаеме дека Лигата на шампионите е тешка, но нашите перформанси генерално на четирите натпревари вредеа повеќе од еден бод.

-Ќе продолжиме да веруваме се додека е можно да се квалификуваме. Сè зависи од нас, иако ни требаат и други резултати за да одиме по нашиот пат. Сакавме да ги израдуваме навивачите, тие беа фантастични, па се надеваме дека наместо тоа ќе им ја дадеме таа радост во дербито во недела, -порача Ромањоли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни