Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Родриго откри како Модриќ го истролал Салах по финалето во Париз

Објавено

на

Ливерпул и годинава не успеа да го победи Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите, а Мохамед Салах беше меѓу фудбалерите кои јавно ја истакнуваа специјалната мотивација за успех против најтрофејниот клуб.

Египетскиот репрезентативец сепак разочаран го напушти Париз, а добил и „посебен третман“ од фудбалерите на Реал.

Пред финалето Салах најавуваше дека е „време за одмазда“ алудирајќи на претходниот пораз, а откако Ливерпул загуби, добил посебна провокација од Лука Модриќ.

Ова го откри Родриго, кој во едно подкаст гостување споделил досега непознат детал од теренот по завршувањето на финалето.

– Мора да кажам една анегдота. Кога финалето заврши, ние направивме коридор за со шпалир да ги поздравиме фудбалерите на Ливерпул, а меѓу нив и потиштениот Салах.

– Тука беше и Модриќ кој од друга страна му дофрли на Салах: Океј е, океј е, следната сезона може да се обидете повторно, – открил Родриго.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни