Формула 1
Ред Бул го обвини Астон Мартин за нелегално копирање на болидот

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер го обвини Астон Мартин за копирање на болидот во пресрет на трката за Големата награда на Шпанија.
Астон Мартин најави голема надградба на болидот пред оваа трка, а промените на дизајнот сериозно наликуваат на решенијата кои ги има Ред Бул на својот брз болид сезонава.
ФИА излезе со соопштение со кое тврди дека истрагата покажала дека Астон Мартин не ги прекршил правилата, но Хорнер се сомнева во кражба на интелектуална сопственост.
Очекуваме ФИА да си ја заврши работата и да утврди дали преземањето на одредена интелектуална сопственост може да донесе различни позиции. Имаат увид во сите податоци и очекуваме да потврдат дали има нешто такво на нивниот болид, а во сопственост на Ред Бул, – изјавил Хорнер.
Астон Мартин изминатиот период го ангажираше Ден Фелоус, кој беше прв човек на одделот за аеродинамика во Ред Бул, но и уште неколку важни инженери, па затоа и загриженоста во Ред Бул поради сличниот изглед на болидот, чии перформанси допрва треба да бидат потврдени.
Ова не е првпат Астон Мартин да биде обвинет за копирање, откако во 2000 година тогаш со името Рејсинг Поинт беше казнет од ФИА поради копирање на еден елемент од постар болид на Мерцедес.
-
Светпред 23 часа
Инсиње откако стана најплатен играч во историјата на МЛС: Не дојдов поради парите
-
Светпред 23 часа
Досегашниот капитен на Сити се врати на почеток: Дојде еден дедо за да ви помогне (Видео)
-
Англијапред 12 часа
Пресврт во најава: Манчестер Јунајтед договорил трансфер на холандски репрезентативец
-
АТПпред 22 часа
Мари го изненади противникот со својот потег: Овој удар е дозволен во тенисот (Видео)
-
Англијапред 19 часа
Не е само Стерлинг: Тухел сака да купи уште една стандардна резерва на Гвардиола
-
Италијапред 24 часа
Легендарниот Мацола за сензационалниот трансфер на Интер: Ова не се случило во фудбалот
-
Англијапред 19 часа
Тен Хаг уште на првиот тренинг ги потсетил играчите на едно правило од времето на Фергусон
-
Светпред 20 часа
Тите: Оној тренер кој го игра Нејмар на крило е магаре!