Поврзете се со нас

Формула 1

Ребрендираниот Ф1 тим на Рено ќе добие и нов предводник кој доаѓа од Мото ГП

Објавено

на

Францускиот гигант Рено реши да го ребрендира својот Формула 1 тим, кој во сезоната во 2021 година ќе го носи името Алпин, според брендот кој е дел од групацијата и има богата традиција во моторспортот.

Ангажирањето на поранешниот светски шампион Фернандо Алонсо е дополнителна најава за сериозните амбиции, но она што ќе биде потврдено деновиве е целосна реконструкција и на менаџерскиот тим.

Денеска стана јасно дека Рено успеал да го убеди досегашниот предводник на Мото ГП тимот Сузуки, Давиде Бривио, кој последната сезона и се радуваше на титулата со новиот шампион Жоан Мир.

Бривио прави трансфер во Формула 1 и ќе биде нов CEO на Ф1 тимот Алпин, што значи дека својата позиција ќе ја загуби Сирил Абитебул, додека за нов тимски шеф на тимот ќе биде назначен Марсин Будковски.

Италијанецот ќе биде сериозно освежување за Ф1 спортот, посебно ако се знаат сите негови успеси во Мото ГП, каде пред успесите со Сузуки, беше дел од шампионските сезони на Валентино Роси во Јамаха, a потоа двајцата соработуваа и во Дукати.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни