Поврзете се со нас

Евролига

Реал и Барселона не погрешија на гостувањата, Ларкин донесе победа за Ефес

Објавено

на

Барселона и Реал Мадрид забележаа по уште една нова победа во кошаркарската Евролига, додека европскиот шампион Анадолу Ефес славеше убедливо на гостувањето кај Макаби.

Барселона по триумфот во Белград, славеше и во Атина против Панатинаикос (82:85), со што ја задржува лидерската позиција во Евролигата. Миротиќ со 20 и Лапровитола со 18 поени била најдобри реализатори во шпанскиот состав.

Реал Мадрид имаше потешка задача, но ја реши со победа над Милано (73:75), во натпревар на кој четворица гостински играчи имаа двоцифрен учинок, а беа предводени од Козер со 17 поени.

Турските екипи имаа ист ефект како шпанските, откако Фенербахче ја победи убедливо Басконија со 75:53, додека Анадолу Ефес славеше против Макаби (78:92).

Шејн Ларкин со 26 поени се истакна во редовите на гостинската екипа, додека Жижиќ со 23 поени бил најдобар реализатор во редовите на израелскиот состав.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни