Поврзете се со нас

Шпанија

Реал го испрати Родриго на „Бернабеу“ со три броја поголема тренерка, соиграчите се прснаа од смеа (Видео)

Објавено

на

Реал Мадрид вчера стави крај на сезоната во шпанската Ла Лига и тоа го направи со реми исход против Атлетико Билбао, натпревар на кој последно збогум кажаа неколку големи играчи на „кралскиот клуб“.

Меѓу нив е и Карим Бензема кој изненадувачки реши да стави крај на неверојатната авантура во шпанската престолнина, па иако во прв план беа тој и Асенсио поради стоечките овации, еден момент од увертирата на мечот стана вирален хит на социјалните мрежи.

Во дадената ситуација, во главна улога е младиот бразилски напаѓач Родриго, кој не по своја вина стана предмет за потсмев од страна на своите соиграчи.

Одговорните лица на Реал го промашиле бројот на тренерката и му дале три броја поголема на офанзивниот фудбалер, кој во „XXl“ изданието изгледаше навистина смешно.

Родриго самиот се чудеше на својот изглед и прашуваше како можеле до толку да го промашат бројот, а соиграчите Винисиус и Милитао беа оние кои му фатија најмногу сеир.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни