Поврзете се со нас

ВТА

Разиграната Стоилковска избори четвртфинале на турнирот во Египет

Објавено

на

foto: FB/Македонски тенис Makedonski tennis

Македонската тенисерка, Магдалена Стоилковска продолжува со одличните изданија на фјучерсот во Шарм Ел Шеик каде со денешната победа стигна до четвртфиналето на турнирот што се игра на тврда подлога за награден фонд од 15.000 долари.

Магдалена прво ги мина квалификациите. па вчера ја суреди првата носителка за да денеска ја реши Џилијана Бестети од Италија. Стоилковска не загуби ниту еден сет со Италијанката, поточно со 6-1 и 7-5 го доби дуелот на теренот број три.

Македонката скоро 20 поени повеќе од ривалката (74:57) и имаше подобра реализација на брејк топките од 54 проценти.

Нареден противник на Маги ќе биде 25-годишната Дарија Кучер од Полска која исто преку квалификациите дојде до оваа фаза.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни