Поврзете се со нас

Италија

Раванели за одлуката која го реши дербито меѓу Наполи и Јувентус: Тоа е скандалозно, пеналот…

Објавено

на

Наполи успеа да ја добие дерби пресметката против Јувентус во Серија А и тоа со погодокот на Лоренцо Инсиње од пенал во првото полувреме.

Меѓутоа за многумина е дискутабилна одлуката на судијата Даниеле Довери да досуди пенал во таа ситуација поточно по контактот што Џорџо Кјелини го имаше со Амир Рахмани. Според некогашниот италијански репрезентативец Фабрицио Раванела тоа е скандалозна одлука, пенал кој бил измислен од главниот арбитар и луѓето во ВАР собата.

-Когас бев фудбалер, тоа никогаш немаше да биде пенал. Тоа беше скандалозна одлука. Кјелини скокна, ја рашири раката и го закачи Рахмани без да сака тоа да го направи. Тој дури и неможеше да го види противникот. Рахмани никогаш не би стигнал до топката, пеналот беше измислен од судијата и ВАР, -истакна Раванели.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни