Поврзете се со нас

Олимписки игри

Расположениот Ришарлисон ја среди Германија, „гаучосите“ шокирани од Австралија (ВИДЕО)

Објавено

на

Селекцијата на Бразил оствари победа над Германија од 4-2 во дербито на првото коло на турнирот во фудбал на Олимписките Игри во Токио.

„Кариоките“ го имаа супер расположениот Ришарлисон кој по 30 минути игра успеа да даде три гола за водство од 3-0. Во финишот на првиот дел Бразилците пропуштија шанса и за 4-0, односно Куња го промаши ударот од 11 метри.

Второто полувреме донесе уште три погодоци, Паулињо стрелаше за победникот, додека Амри и Аче за Германците.

Големо изнанадување пак направи Австралија со славјето над Аргентина од 2-0. Вејлс ја најави сензицијата во 14 минута, точка стави Тилио со атрактивниот погодок во 80 минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни