Поврзете се со нас

Англија

Рангник повлече прв потег и ангажираше свој поранешен соработник во Манчестер Јунајтед

Објавено

на

Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, веќе го договорил првиот „трансфер“ на премиерлигашот, а се работи за член на неговиот стручен штаб.

Во прашање е Крис Армас, Американецот кој беше клупски менаџер на Њујорк Ред Булс во 2019 година, период во кој Рангник ја извршуваше функцијата директор за спорт и развој во сите клубови чиј спонзор е Ред Бул.

Армас веќе добил работна дозвола и за неколку дена ќе биде официјално потврден од Манчестер Јунајтед, а ќе биде дел од стручниот штаб, од кој неодамна си замина долгогодишниот член Мајкл Карик.

Американецот е поранешен репрезентативец на својата земја, кој подоцна меѓу 2015 и 2020 година работеше за Њујорк Ред Булс, а кратко беше менаџер на Торонто.

Рангник има договор со Јунајтед според кој ќе има големо влијание врз идните персонални одлуки на клубот, а Армас треба да му помогне во остварување на големите амбиции во редовите на англискиот великан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни