Поврзете се со нас

Формула 1

Ралф Шумахер искрено: Ми недостасува „стариот“ Михаел, медицината многу ни помогна, но…

Објавено

на

foto: f1i.com

Михаел Шумахер веќе долго време го нема на спортската сцена, а причината за тоа е тешката повреда со која се здоби скијање на француските Алпи.

Тоа се случи пред десет години, инцидент кој целосно го промени Михаил, неговото семејство, најблиските затоа што оттогаш ништо не е исто. Одвреме навреме се појавуваат информации, ама јавноста никогаш не доби информација за вистинската состојба на Шумахер кој е еден од најголемите Ф1 возачи на сите времиња.

Неговиот брат Ралф кој исто своевремено се натпреваруваше во Ф1 шампионатот за „Билд“ само кратко посочи дека му фали, недостига „стариот“ Михаел.

-Ми недостига „стариот“ Михаел. Животот понекогаш не е фер. Михаел имаше многу среќа, а потоа дојде таа страшна несреќа.

-Фала му на Бога, благодарение на современите медицински можности успеавме многу да направиме, но веќе ништо не е исто. Можам да кажам дека неговата несреќа имаше многу лошо, големо влијание и врз мене, -обелодени Ралф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни