Поврзете се со нас

ВТА

Радукану испиша тениска историја и обезбеди тинејџерско финале на Ју-Ес Опен

Објавено

на

Ема Радукану и Лелја Фернандез направија сензација на Ју-Ес Опен, обезбедувајќи меѓусебен дуел во финалето на последниот грен-слем годинава.

18-годишната Радукану стана првиот натпреварувач во овој спорт која стигнал до грен-слем финале како квалификант, а во полуфиналето ја победи Марија Сакари со 2:0 во сетови.

Британката беше преубедлива во првиот сет кој го доби со 6:1, а во вториот беше поуспешна од грчката ривалка со 6:4, за историски подвиг и најголем успех во кариерата.

Противничка на Радукану ќе биде 19-годишната Лејла Фернандез од Канада, со што двете тенисерки се погрижија за прво тинејџерско финале по дуелот меѓу Хингис и Вилијамс во 1999 година. Радукану и Фернандез не биле ни родени кога се играше ова финале на Ју-Ес Опен.

Фернандез во полуфиналето беше подобра од Арина Сабаленка со 2:1 во сетови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни