Македонија
Работнички се засили со Ѓурѓевиќ
Скопскиот фудбалски прволигаш Работнички денеска го потврди договорот со Фахрудин Ѓурѓевиќ, кој ќе биде повратник во првата македонска фудбалска лига настапувајќи во дресот на „романтичарите“.
Ѓурѓевиќ кој е поранешен младински репрезентативец на Македонија потпишал едногодишен договор со Работнички, а 27-годишниот напаѓач доаѓа од чешкиот тим Храдец Кралове.
Во својата кариера Ѓурѓевиќ има настапи и за Македонија ЃП и Вардар во македонското првенство, како и за Спартак Суботица во Србија, Градачац во БиХ и Варнсдорф во Чешка.
Претходно, Работнички ги засили своите редови и со Стојковски, Зука и Муарем.
Сезоната во македонското фудбалско првенство започнува на 9 август, а во првото коло Работнички му гостува на скопскиот ривал Македонија ЃП.
-
НБА12 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Италија7 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
Шпанија5 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
НБА12 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија9 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Шпанија23 часа
Мунуера Монтеро и Белингам со различни верзии за црвениот картон, Џуд може да заработи жестока казна
-
Европски купови23 часа
Алкалоид доби голема поддршка од нашата дијаспора во Италија (ФОТО)
-
Шпанија13 часа
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..