Поврзете се со нас

Македонија

Работнички рутински до победа над Вардар

Објавено

на

Работнички им се врати на победите во заостанатите натпревари од домашното кошаркарско првенство и денеска немаше многу проблеми со скопскиот ривал Вардар (92:72).

Домаќините имаа можност да играат и со комбиниран состав за да одморат дел од кошаркарите и да остварат рутинска победа со убедлива позитива по четириесет минути.

Првото полувреме мина со израмнета игра на теренот, но предноста беше направена во вториот дел, во кој Работнички стигна до 13. победа сезонава.

Аска со и Питс со 25 поени биле најдобри реализатори во редовите на Работнички, Дикембе со 19 поени завршил како најдобар стрелец во редовите на Вардар.

Работнички со ефект 13-6 и натаму се пробива кон врвот на табелата во пресрет на плејофот, додека Вардар останува на само 4 победи сезонава.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни