Поврзете се со нас

Италија

Првиот оперативец на Наполи: Елмас се шегуваше

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се најде во центарот на вниманието поради една објавена фотографија на Инстаграм, а од Наполи појаснија дека не постои никаков проблем со фудбалерот.

– Мојата прва љубов-клупата, напиша Елмас како коментар на фотографијата со клупата за резервни фудбалери на Наполи и тоа во пресрет на дуелот со Болоња, а ден подоцна реагирал спортскиот директор, Кристијано Џунтоли.

– Елиф зад себе има одлична сезона, минатата сезона постигна 7 гола и имаше 5 асистенции, иако најчесто почнуваше од клупата.

– Се работи за одлично момче, веројатно сакал да се пошегува во моментот бидејќи не може да даде поголем придонес на теренот.

– Не не интересира ако некој не го сфатил како што треба, не планираме да преувеличуваме, – изјавил Џунтоли.

Елмас со порака до Спалети: Мојата прва љубов… (Фото)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни