Поврзете се со нас

АТП

Пропушта уште еден турнир: Надал нема да игра и во Барселона

Објавено

на

Рафаел Надал веќе долго време го нема на терените, па иако прогнозите беа дека ќе се врати фит и подготвен за сезоната на земја засега тоа не се остварува.

Имено Шпанецот кој се повреди на Австралија Опен го откажа настапот на Мастерсот во Монте Карло, а како што стојат работите нема да игра ниту во Барселона. Медиумите на Пиринеите предводени од реномираниот „АС“ пренесуваат дека големиот грен слем шампион е „отпишан“ за настанот во Барселона, поточно шансите за тоа се 90 проценти.

Надал ќе продолжи да работи, да закрепнува, односно најважно за него е да биде спремен за Ролан Гарос во Париз.

Информациите се дека Рафа својот кам-бек на терените ќе го има во Мадрид, турнир кој се игра од 26 април до 7 мај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни