Поврзете се со нас

Англија

Премиер лигата пријави уште еден позитивен тест на коронавирусот

Објавено

на

Англиската Премиер лига продолжи со постојаните тестирања на сите членови на клубовите кои се дел од шампионатот, а во последното тестирање се појавил еден позитивен тест.

Премиер лигата вечерва соопшти дека во понеделникот и вторникот биле реализирани 1.213 тестови на фудбалери и останати членови на првите тимови на клубовите, по што еден тест бил позитивен.

Вообичаено, името, па дури ни клубот на позитивниот на коронавирусот не е објавен и ќе остане тајна се додека клубот самиот не ја информира јавноста, како што беше случајот со Тотенхем кога не беше објавено само името на човекот кој заминува во задолжителен карантин.

Досега се направени 7.487 тестови и беа потврдени 14 позитивни резултати за КОВИД-19, при што секој од заразените мора да биде во карантин најмалку седум дена и не може да се врати на тренинзите пред да истечат барем четиринаесет дена.

Премиер лигата продолжува на 17 јуни со дуелите Манчестер Сити-Арсенал и Шефилд Јунајтед-Астон Вила.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни