Поврзете се со нас

Англија

Премиер лигата ќе продолжи, одложени се три средби меѓу кои и дербито на „Стемфорд Бриџ“

Објавено

на

Минатиов викенд немаше фудбал во Англија, Шкотка и Северна Ирска, а причината за тоа беше смртта на Кралицата Елизабета Втора.

Најновата вест која доаѓа е дека возбудувањата се враќаат, а секако најзначајна, најинтересна за јавноста е Премиер лигата која ќе ни понуди седум натпревари од осмата рунда или поточно три мораа да бидат одложени.

Од петок до недела ќе се игра фудбал во најсилната конкуренција во Англија со тоа што битките Манчестер Јунајтед-Лидс, Челси-Ливерпул и Брајтон-Кристал Палас се одложени и ќе добија друг термин поради случувањата поврзани со погребот на кралицата.

Петок (16 септември)

Астон Вила – Саутемптон
Нотингем Форест – Фулам

Сабота (17 септември)

Вулверхемптон – Манчестер Сити
Њукасл – Борнмут
Тотенхем – Лестер Сити

Недела (18 септември)

Брентфорд – Арсенал
Евертон – Вест Хем

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни