Поврзете се со нас

Таблоид

Правна драма меѓу семејствата Руни и Варди кои се вплеткаа во уникатен судски спор

Објавено

на

Јавноста во Англија е насочена кон правната драма која во овие моменти се одвива меѓу семејствата Руни и Варди.

Имено, сопругите на познатите фудбалери Вејн Руни и Џејми Варди се најдоа пред суд откако Колин Руни ја обвини Ребека Варди дека тајно издавала тајни од нејзиниот живот кои потоа биле пласирани во медиумот „Сан“.

Колин истакна дека подолгпериод била кодошена од некој нејзин близок, за на крај да открие дека тоа била Ребека со која имале одличен однос поради пријателството на сопружниците кои заедно играа во репрезентацијата на Англија.

– Веќе неколку години некој кому му верував и кој ме следеше на мојот личен Инстаграм профил постојано го информираше „Сан“ за моите приватни објави. Ги сочував сите оригинални објави на кои јасно се гледа дека само една личност ги видела. Тоа е ….Ребека Варди, -напиша пред извесен период Колин Руни.

По ваквите обвинувања, Ребека Варди ја тужеше Колин поради клевета, а во текот на вчерашниот ден и двете се појавија во суд во Англија каде си ги спротивставија страните.

Според првичните информации, оваа правна битка веројатно ќе ја добие Ребека Варди која смета дека е неправедно обвинета од страна на Колин Руни која во своја одбрана подготвила 35 страници на кои се правда како Ребека ги издавала нејзините тајни на познатиот британски таблоид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни