Поврзете се со нас

Европски купови

Повторно прв стрелец: Шортс и Париз ја решија и Венеција (ВИДЕО)

Објавено

на

Ти-Џеј Шортс и неговиот нов клуб Париз дојдоа до втората победа во Еврокупот, прва на гостински терен и тоа во соочувањето со Венеција кое го добија со 81-75.

Францускиот тим губеше на полувреме (41-40), беше во негатива и по 30 минути игра (60-59), но во последниот период го надигра домаќинот со 25-15 и дојде до триумф со кој има се приклучи на Бешикташ и Лондон Лајонс на врвот на табелата во групата А.

Нашиот репрезентативец Шортс повторно беше најефикасен играч во својата екипа со 18 поени, еден повеќе од Хифи. Плејмејкерот имаше и 6 асистенции, 2 скока и 2 украдени топки.

Залудна за Венеција беше дабл-дабл изданието на Симс од 28 поени и 10 скокови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни