Поврзете се со нас

Англија

Потоп на „црвените ѓаволи“: Ливерпул си поигра со Јунајтед на дербито на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Ливерпул го прегазија Манчестер Јунајтед со 5-0 во дерби натпреварот од 9. коло во Премиер лигата.

Иако сите очекуваа вистински спектакл, надмудрување на четата на Солскјер и Клоп, натпреварот отиде во еден правец и се беше решено уште во првото полувреме. Гостите од Ливерпул дури четирипати го матираа Де Хеа, се започна од Кеита во 5 минута по што се редеа Жота и Салах (2).

Во вториот дел Салах даде уште еден гол за хет-трик и петарда во мрежата на вечниот ривал. До крајот немаше погодоци, Погба заработи црвен картон, ситуација при која се повреди Кеита кој на носилки беше изнесен од теренот на „Олд Трафорд“.

Ова за Ливерпул беше шести триумф со кој останува на втората позиција зад Челси. „Сините“ имаат 22 бода, „црвните“ 21, додека Сити е на 20 бодови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни