Поврзете се со нас

Европски првенства

Португалија и зеде мерка и на Словенија

Објавено

на

Селекцијата на Португалија ја забележа втората победа на вториот меч во главната фаза на 16. Европско ракометно првенство.

Португалците во претходната рунда ја надиграа Норвешка, а попладнево пак и земаа мерка на репрезентацијата на Словенија која ја решија со 33:30. Составот од Пиринеите едноставно беше за чекор, два пред избраниците на Зорман кои се трудеа, бореа, ама на крајот мораа да му честитаат на противникот.

Првиот дел заврши со водство на Португалија од 18:17, борба која се пренесе и по паузата каде четата на Переира сепак беше поквалитетна, поефикасна и се избори за славје со кое сега има 4 бода на табелата, исто како водечките Данска и Шведска кои вечерва се соочуваат во дербито од 20:30 часот.

Коста со 11 гола беше прво име кај победникот, додека за Словенците Мачковшек  имаше 7 реализации.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни